Сезоната на летни одмори е веќе започната, па доколку патувате во странство неопходно е два пати да ја проверите датата за истекување на пасошот.
Причината за тоа е што во земјите на ЕУ, различно се пресметува важноста на пасошот, бидејќи во спротивно може да бидете вратени назад од граница.
Во ЕУ земјите може да патувате ако до истекот на пасошот останале уште три месеци, но не од датумот на патување, туку датумот на враќање во земјата.
Што се однесува до земји кои се надвор од ЕУ зоната, патната исправа треба да важи најмалку 150 дена, односно 6 месеци од денот на одење во Тунис и Египет.
Не заборавајте – детските пасоши имаат пократок рок на траење.
Дали знаете зошто пасошите се во само четири бои?
Генерално, пасошите се со црвена, сина, зелена и црна боја.
Правилата се ограничени на овие четири бои, а можно е да се изработат во различни нијанси на овие бои.
Постојат различни причини поради кои земјите се решаваат која боја ќе ја користат на пасошот, но обично тоа се географски и политички мотиви. Членките на ЕУ ја користат темноцрвената боја, а членките на Кариком користат сини. Кариком е организација на 15 карипски народи кои се здружиле поради економска интеграција и соработка. Некои сметаат дека бордо бојата е дел од комунистичкото минато, а сините патни исправи се симбол на новиот свет – Северна и Јужна Америка, Океанија и тн.
Кај некои земји во одбирањето на бојата на пасошот улога игра верата, така што бројни исламски земји користат зелени пасоши поради важноста на таа боја во нивната религија. Се верува дека зелената боја е омилена боја на пророкот Мухамед, а воедно е симбол на природата и животот. Другите нации ја одбираат бојата по индивидуален карактер и идентитет.
Македонија е на 43-то место на листата земји чии пасоши овозможуваат најлесно патување, покажува рангирањето што го направи Henley Passport Index за 2019 година.
Со македонски пасош слободно, без виза, може да се патува во 125 земји.
Од земјите во регионот, пасош со кој најлесно се патува има Грција која е на седмото место, Словенија е на 11. место, Бугарија е на 19-то, Хрватска е 20, по неа е Србија на 40. место, Црна Гора на 45-то, Босна и Херцеговина на 49, Албанија на 50, а најслабо рангирано е Косово на 90. место.
Најмоќен пасош има Јапонија, а по неа се Сингапур, Јужна Кореја, Франција и Германија.
На дното на листата од вкупно рангирани 190 земји се Пакистан, Сомалија, Сирија, и Авганистан и Ирак.