Учебната година сигурно ќе започне на 1 Октомври, само прашање е на кој начин – Министерката Мила Царовска

|

Министерката Царовска, денес на прес ги соопшти најновите информации за тоа како ќе се одвива школската година. Во моментов, Министерството за образование и наука, во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и Бирото за развој на образование ги спроведува обуките на наставниците коишто ќе бидат училишни обучувачи за користење на Единствената национална платформа за онлајн настава.

Со оваа обука се опфатени 1.600 наставници и резервни наставници коишто понатаму ќе треба да го пренесат знаењето за користење на платформата на своите колеги во училиштата.

Во моментов триесет национални обучувачи кои беа избрани од редовите на наставниот кадар во основните и средни училишта од различни општини во земјата ги обучуваат овие 1600 наставници за платформата за учење од дома.

Од МОН најавија дека презентацијата на националната платформа за учење ќе биде извршена утре, како и тоа дека до први октомври истата ќе биде тестирана.

Она што е исто така важно е ситуацијата со бројот на позитивни случаи на дневно ниво:
– Ако на 25 септември состојбата со бројот на позитивни случаи е загризувачка, може да размислиме онлине настава и за оние од прво до трето одделение и обратно – вели Царовска.