Освен бројни критики и разочарување во јавноста, резултатите од приемните испити во „Орце Николов“ со себе може да донесат и промени во образовниот систем.
Властите се свесни дека не е добар знак тоа што има огромна разлика во оценките со коишто кандидатите конкурирале и оние коишто ги добиле на тестовите, па затоа сега најавуваат анализи како е дојдено до тоа.
Ќе се разгледува како функционираат другите земји со подобро организирани системи од нашиот, за потоа и да се ископираат одредени примери затоа што така е најдобро, смета министерот за образование.
Тоа значи и дека може да се воведе и редовен приемен испит за сите средни училишта, а не само во исклучителни ситуации.
„ЌЕ СЕ РАЗГЛЕДААТ ИСКУСТВАТА ВО ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ КОИШТО ИМААТ ПРИЕМЕН ИСПИТ, НО И ВО ЗЕМЈИТЕ КОИШТО НЕМААТ ПРИЕМЕН ИСПИТ КАДЕ ШТО ИМАЛО СИТУАЦИЈА КАКВА ШТО НИЕ ИМАМЕ ВО МОМЕНТОВ. И ПРИЕМЕН ИСПИТ Е ОПЦИЈА АКО ИМА ДОБРИ ИСКУСТВА ВО ЗЕМЈИТЕ ПО ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРИЕМЕН ИСПИТ КАЈ НИВ И АКО ИМА ПОДОБАР КВАЛИТЕТ НА ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ. ТОГАШ И НИЕ КАКО ЗЕМЈА ЌЕ ГО ПРЕЗЕМЕМЕ ТОА“ ИЗЈАВИ МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ЈЕТОН ШАЌИРИ.
Оние коишто би биле најзасегнати од какви било промени – учениците, не сметаат дека воведување приемен испит е најдобро решение во ситуација кога средното образование кај нас е задолжително според законот.
Така може да се доведеме во ситуација квалитетот да се централизира во одредени училишта.
„МОРА ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА ЗАГРИЖУВА ТОА ШТО СЕ НАЈАВУВААТ ПРИЕМНИ ИСПИТИ ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ КОЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО. ОВА ЗНАЧИ ДЕКА АКО КАНДИДАТОТ НЕ ОСТВАРИ ДОВОЛЕН УСПЕХ НА ОДРЕДЕН ПРИЕМЕНТ ИСПИТ, ТОГАШ НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ЗАПИШЕ ВО ОДРЕДЕНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ. ОВА ГО НАРУШУВА ПРИНЦИПОТ НА ОБРАЗОВАНИЕ ИСТО ЗА СИТЕ И ВОВЕДУВА ПРИНЦИП НА АКАДЕМСКА СЕЛЕКЦИЈА КАДЕ ШТО НЕКОИ УЧИЛИШТА ЌЕ БИДАТ ПОДОБРИ ОД ДРУГИТЕ – НЕ САМО ПОРАДИ РЕЗУЛТАТИТЕ НА НИВНИТЕ УЧЕНИЦИ КАКО ШТО Е СЛУЧАЈОТ СЕГА ТУКУ И СИСТЕМОТ ЌЕ ГО НАМЕТНЕ ТОА КАКО ПРИНЦИП“ ИЗЈАВИ ЛУКА ПАВИЌЕВИЌ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОЈУЗОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИ НА РСМ.
Наметната ситуација дека секоја година одредени училишта се најинтересни за идните средношколци остава празен простор во другите училишта, но и создава главоболки за просветниот кадар онаму каде што има многу повеќе работа и ангажман, вели директорот на средното училиште „Георги Димитров“.
„ИМАМЕ 23 УЧИЛИШТА ПОД ГРАД СКОПЈЕ И НАВИСТИНА ИМАМЕ ГОЛЕМ БРОЈ НА СЛОБОДНИ МЕСТА КОИШТО БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ПОПОЛНАТ СО ОСТАНАТИТЕ УЧЕНИЦИ. НЕПРАВЕДНО Е ВО ЕДНИ УЧИЛИШТА ДА ИМАМЕ ТОЛКАВА ГОЛЕМА БРОЈКА НА УЧЕНИЦИ, ТОА Е ГОЛЕМ АНГАЖМАН И ЗА НАСТАВНИЦИТЕ“ ВЕЛИ САША СТОИМЕНОВ, ДИРЕКТОР НА СУГС „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“ – СКОПЈЕ.
Приемниот испит на речиси триста основци во „Орце Николов“ донесе само 11 петки, и дури 40 единици.
Се полагаше на материјал по предметите македонски јазик и литература, како и математика.
Петар Догов