Некогашната учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Николина Ковач на својот Инстаграм откри дека е бремена во шестиот месец од бременоста и дека чека девојче кое ќе се вика Николета.
„Соновите се исполнуваат и стануваат реалност, само е важно колку веруваме во нив и колку нешто сакаме. Нашата желба да станеме родители на едно прекрасно девојче е на чекор до исполнување. Драго нашо девојче, драга Николета те чекаме со големо нетрпение“ напиша Николина.
За потсетување, Николина е во брак со колега и исто така некогашен учесник во „Ѕвездите на Гранд“, а ова ќе биде нивно второ дете бидејќи го имаат синот Николај.