|
Пејачот Аца Лукас оваа година се пријави и сака да се натпреварува за претставник на Србија на Евровизија со песната „Оскар“. Според она што можеме да го прочитаме во медиумите во Србија деновиве, тој има реални шанса за победа и е еден од фаворитите.
Сепак, се чини дека неговото учество на музичкиот натпревар е под голем знак прашалник и тоа се поради неговиот сценски настап.
-Ни кажаа дека клавирот е премногу тежок за да го кренеме со рампата, откри Аца Лукас.
Пејачот не е задоволен што се уште не се откриени членовите на жирито за натпреварот за претставник на Србија на Евровизија.
Лукас и неговиот тим ќе донесат одлука за тоа дали ќе учествуваат во изборот, во следните 24 часа.