Легендарниот англиски музичар Елтон Џон изјавил дека морал повторно да учи да оди кога добил сериозна инфекција по операцијата на рак на простатата.
Тој претходно открил дека тешко ја поднел операцијата пред две години, која на крајот била успешна, но и дека бил на чекор од смртта кога по неа се разболел додека бил на турнеја во Јужна Америка.
Тогаш бил вратен на интензивна нега во Велика Британија, каде следувал тежок период.
“Буквално морав повторно да учам да одам. Бев екстремно болен. Сè за кое можев да размислувам додека лежев во својот болнички кревет беше “Те молам Боже, не дозволувај да умрам, сакам да ги видам своите деца”. За среќа, преживеав”, рекол Џон во разговор за “BBC”.
Елтон објаснил и дека бил присилен да носи пелени.
“Бев на сцена во Вегас, во големи болки. Во текот на концертот носев пелени и мислев – само кога би знаела публиката дека уринирам во тој момент”, се пошегувал пејачот.
Елтон вели дека денес се чувствува добро, но чувствува дека му преостанува уште многу малку време. Борбата со болеста кај легендарниот музичар следела по неговата долгогодишна борба со зависноста од алкохол и дрога.
Во меѓувреме, Џон ги откажал сите настапи, а минатиот месец беше потврдено дека нема да настапува на Гластонбери следната година.