Учебната година започна без учебници за учениците од прво до петто одделение. Ќе учат од работни материјали во кои се собрани четири предмети, меѓу нив македонски јазик и математика.
Министерот Јетон Шаќири се надева дека учебниците за овие одделенија ќе се испечатат пред почетокот на второто полугодие, затоа што како што кажа се бира фирма која ќе ги печати.
Постои надеж дека учениците од прво, второ, трето, четвро и петто оддление од основните училишта ќе добијат учебници пред второ полугодие. Се уште не е избрана фирма која ќе ги печати, изјави Шаќири, а на новинарското прашање „чија одговорност е тоа“ рече „вашето прашање е тенденциозно“.