Учете од нив: Како најуспешните луѓе во светот, ја нашле нивната прва работа

ИЗВОРНов Лист
|

Да ја работите професијата што ја сакате и која ви овозможува да бидете задоволни ментално и материјално, е резултат на голем труд, работа и упорност.

Ни луѓето кои денес имаат милиони, не стигнеле до врвот со скрстени раце. Некои од нивните приказни можеме да ги користиме за мотивација.

Џон Дејвисон Рокфелер

Eден од најбогатите луѓе во историјата ја нашол својата работа по шестнеделно посетување на многу компании и фирми.

Тој ги посетувал компаниите и барал да се сретни со директорите. Во многу случаи нему вратите му биле затворени, но тоа не го спречило да продолжи да ја бара работата што ја сака.

Во периодот од тие шест недели Рокферел одел во сите компании што ги имал во неговиот список, а откако ќе ги посетел сите почнувал пак од почеток.

На крајот отишол во копманијата “Hewitt and Tuttle”, каде имал успешно интрвју и се вработил.

Изреката на Рокферел е „Секој ден работев на работа, барајќи работа”.

Доналд Трамп

Неговите родители имаат прилично развиен бизнис со недвижности.

Па, тој уште како мал почнува да се учи да работи. Трамп бил задолжен да ги собира парите од киријата на станарите кои живеат во некој од објектите на татко му.

За татко му работи пет години, а потоа дава отказ и се осамостојува почнувајќи сопствен бизнис.

Опра Винфри

Таа една од најмоќните и највлијателните жени на светот, а успела да се избори за себе си поради нејзината јака желба за успех и амбиција.

Растена е во дисфункционално сиромашно семејство, до нејзината 16-та година кога си заминува од дома и бара подобра иднина.

Во нејзините тинејџерски години случајно наоѓа работа како радио репортер. Денес таа успеа да го оствари својот сон и да има сопствено Talk Show, веб сајт, магазин итн.

Џеф Безос

Приказната за Џеф Безос, основачот на Амазон, е уште една во низата примери за неверојатниот успех на интернетот. Неговото богатсво се проценува на 23 милијарди долари.

Џеф Безос е роден како Џефри Престон Јоргенсен во Албакерки. Неговите предци биле доселеници кои некогаш живееле во Тексас, каде што со генерации се стекнале со 25.000 хектари ранч во Котули.

Неговиот дедо по мајка е познат како регионален директор на американската комисија за атомска енергија. Тој рано заминал во пензија, па така Џеф, заедно со него на ранчот поминувал поголем дел од летото, каде како дете покажал големи механички способности.

Бракот на неговите родители не траел долго, а кога Џеф имал само пет години, неговата мајка повторно се венчала, овој пат за Мигел Безос, кој од Куба емигрирал во САД.

Тогаш неговото семејство се преселило во Хјустон, каде гаражата на своите родители ја пренаменил во лабораторија со бројни научни проекти. Сепак семејството долго не се задржалo во Тексас. Тие набргу се преселиле на Флорида, каде Џеф го завршил средното училиште, а меѓу останатото и обуката за ученици заинтересирани за наука на Универзитетот во Флорида.

Тој потоа заминал на познатиот Универзитет Престон, каде планирал да студира физика, но сепак се вратил на својата љубов, компјутерите и во 1986-та година дипломирал електротехника и компјутерска наука, како првенец во својата генерација.

По студиите започнал да работи како информатичар на Вол Стрит, прво во Фител, а потоа во Банкерс Траст, но и во компанијата Д.Е. Шоу. Таму ја запознал и својата сопруга Мекензи, па во 1990-та година бил именуван за потпретседател.

И покрај успешната кариера во еден од најголемите хеџ-фондови, во 1994 година Џеф Безос одлучил да поднесе оставка и да основа својата интернет компанија.

Безос всушност открил дека употребата на интернет има годишен пораст од 2.300 проценти и токму во тоа го видел својот иден работен потенцијал.

Размислувал како традиционалниот вид на работа би можел поефикасно и побрзо да се изврши онлајн, а одговорот го пронајдол токму во формата на онлајн-книжарници.

Работата ја започнал во својата гаража, по исцрпното тестирање на бета верзијата на Амазон, во 1995-та година излегол на пазарот. Веќе во првиот месец, без никакво рекламирање Амазон продавал книги ширум САД, но и во 45 странски држави во вредност од 20.000 долари.

На инвеститорите на почетокот им велел дека компанијата има 70 проценти шанси за неуспех, а поголемиот дел од нив биле членови на неговото семејство, кои до крајот на деценијата биле потешки за неколку милијарди долари.

Скептиците се сомневале во онлајн-книжарницата и предвидувале дека ќе има само краткотраен успех, но Амазон веќе 1998-та ја прошири продажбата со ЦД-а, филмови, облека, играчки и електронска опрема.

Додека голем број на интернет компании не успеаа по првичниот бум, Амазон од 510.000 долари промет 1995-та година, дојде до 17 милијарди промет во 2011 година.