Удрија по Спејко „Тој е слика без тон“: А тој одговори само со една реченица

|

Во новата сезона на реалното шоу „Задруга 3“ влезе и кумановецот Дарко Спејко. Како искусен во ваквите формати на реални шоуа, Дарко веднаш се покажа дека умее добро да се забавува особено навечер.

Дарко уште на почетокот и фрли око на „задругарката“, Тара Симов со која не се разделуваше последните неколку дена. Имено, Тара и Дарко се „зближија“, па пред учесниците во реалното шоу открија дека се заедно. Меѓутоа, нивната врска траеше многу кратко, односно во текот на емисијата „Прашања на новинари“ тие открија дека ставиле крај на нивната врска поради тоа што не можеле да најдат заеднички јазик.

Припадниците на седмата сила имаа прашање за Тара. Имено, уредникот на забавната програма на пинк.рс ја праша зошто не функционира нејзината врска со Спејко.

„Што не е во ред со вашата врска? Зошто раскинавате?, праша новинарот, на што Тара одговори:

„Каква врска? Утринава раскинавме.Постојат многу работи кои не ми одговараат.Колку и да сме заедно,јас држев монолог и кога и да кажав дека сакам дијалог, тој ми велеше дека треба да се прилагодам.Не знам чувстувам дека не е тоа“ вели Тара.

„Во нашиот однос ништо не оди. Јас кажав дека ми треба девојка да се чувстувам убаво. Ја одбрав Тара. Овој период додека бевме заедно, мене ми беше убаво. Јас за Тара имам само убаво мислење“ вели Спејко.

Исто така учесниците на „Задруга“ ја играат играта „Игра на вистината“ каде што станарите си поставуваат прашања едни на други и тие мораа искрено да одговорат.

„Како можеш да се бакнуваш со друго момче, а знаеш дека си заљубена во Матеа? Каде ти е совеста да бакнуваш човек? Како се чувствуваш да бакнуваш човек, а цело време мислиш на Матеа?“, Лепи Миќа ја праша Тара.

„На прво место мене ми се јавија многу луѓе пред „Задруга“ од Македонија. Бидејќи 2 дена пред да влезам, јас најавив дека влегувам во „Задруга“ и ми се јавија многу луѓе да го подржам Спејко како знам од причина дека ова реално шоу е многу поразлично од она каде што беше тој. Пет, шест дена пред неговото влегување во „Задруга, почнав да зборувам за него. Јас го прашав Дарко каква е реакцијата на луѓето, а тој ми одговори дека сите портали пишувале за него.Тој ми потврди дека мојот почетен план успеал. Мене тој ми се допадна , но како што кажав на некој тој е „слика без тон“ вели Тара и додава:

„Тој физички е згоден, но јас водам монолог. Јас му дадов прилика да ја покажа својата харизма која ја има, а не покажува, односно ја покажува само кога ќе испие три пива. Тој на харизма е 0, дијалог 0, памет има како дете од 21 година, размислувањето му е детско. Јас навистина сакав да му дадам шанса. Згоден, паметен, културен, внимателен дечко. Да има дел од Владимир Томиќ во него, тоа ќе беше џекпот“ вели Тара.

Тара вели дека се бакнувала со Спејко за да остане тој во реалното шоу. Спејко имаше одговор на Тара, односно истакна дека кога би знаел дека го бакнала за да тој остана во „Задруга“ никогаш не би се „зближил“ со неа, па макар и да испадне.

„Јас надвор имам убав живот, нема да останам тука да се борам за нешто ситно. Има некој поголема желба да победи. Јас не ја знаев Тара пред да влезам, ниту барав од неа да ми прави маркетинг. Ако ми правеше маркетинг, нема да ми треба“ вели Спејко.

Спејко откри дека се кае што воопшто бил со Симов.

„Сега ми е жал што јас и Тара бевме заедно“.

За потсетување, Спејко победи во „Големиот брат“ во 2015 година, а како ќе се снајде во „Задруга“ останува да следиме.

Вистина.мк