УЕФА го казни Шкупи со 44.000 евра – Клубот изрази благодарност до навивачите

ИЗВОРНов Лист
|

Поради користење на пиротехнички материјали, навивачките испади и прекршување на правилникот на УЕФА, организацијата го казни клубот од Чаир со 44.000 евра.

И покрај паричната казна Шкупи ги повика своите симпатизери да продолжат да го бодрат клубот, и изрази благодарност до своите навивачи за поддршката за време на натпреварите во ЛШ, ЛЕ и ЛК оваа сезона.