УХМР: До недела стабилно- еве какво ќе биде времето од понеделник

|

До недела времето ќе се задржи стабилно, со свежи ноќи. Дневните температури ќе се покачат, но, ќе бидат во рамките на просечните за овој дел од годината, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.