УХМР издаде метео предупредување: Студ ќе ја окова Македонија, а доаѓа и снегот

ИЗВОРnovlist.mk
|

Под влијание на студена воздушна маса во недела времето ќе биде облачно со засилен северен ветер и повремени врнежи со слаб, а на места умерен интензитет и ќе бидат претежно од снег.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и студено, со умерен, а во понеделник засилен северен ветер.


Прогноза за 05.01.2020
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 1°С до 7°C
Облачно со засилен северен ветер и повремени врнежи со слаб, а на места умерен интензитет и ќе бидат претежно од снег.

Прогноза за 06.01.2020
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: -2°C до 5°C
Сончево и студено со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Во утринските часови локално ќе провејува слаб снег.

Прогноза за 07.01.2020
Минимална температура: -10°C до 0°C
Максимална температура: 0°C до 6°C
Сончево и студено со умерен северен ветер.