УХМР најавува пороен дожд, грмежи и намалување на температурите од среда

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. УВ=9

Денес и утре времето ќе биде претежно сончево и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Со прогнозираните температурни вредности ќе биде активирана жолта, а во југоисточните подрачја, каде максималните температури повторно ќе надминат 40 степени, портокалова фаза за опасност од високи температури.

Во среда ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, а услови за локален дожд ќе има и во четврток, кога температурите ќе опаднат за неколку степени.