Времето денес сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме со појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. УВ=9
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T= 36 °C, P= 978 hPa, U= 35 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
Утре не очекува сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на невреме. УВ=8
Денес и утре во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме со појава на град. Утре во северните делови ќе има пад на температурата за околу 3 степени.
И во делови од Скопската Котлина денес и утре во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со град.