Променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови со повремени врнежи од дожд, кои во вечерните и ноќните часови ќе се прошират на повеќе места. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено вдолж Повардарието и на истокот. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 17 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. T= 15 °C, P= 969 hPa, U= 65 %, V= 6 m/s.
Врнежи за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2): 39 Лазарополе, 33 Крушево, 30 Маврови Анови, 24 Дебар, Пожаране, 23 Охрид, 20 Тетово, 10 Битола, 9 Попова Шапка, 8 Претор, Гевгелија, 7 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Дојран, 5 Ѓуриште, 3 Скопје-Петровец, Крива Паланка, 2 Струмица, Берово, 1 Штип, Демир Капија, Виница, Куманово.