УХМР најавува студено време со пообилни врнежи и засилен ветер

ИЗВОРНов Лист
|

Времето денес облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови. Поради затоплување на висина, на планините на запад врнежите повторно ќе преминуваат во дожд, но ќе бидат со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Од утре променливо облачно, претпладне со локална појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.