УХМР објави временска прогноза за следните 4 денови: До кога ќе имаме дожд?

ИЗВОРСкопје24
|

Продолжува променливото време. Дожд, облаци, тмурно време, но и сонце, ова е сликата за денеска во Македонија според УХМР.

За денешниот 28 мај според синоптичарите не очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на дожд и грмежи.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се движат во интервал од 17 до 29 степени целзиусови. Најтопло и денес ќе биде во југоисточниот дел од земјата.

Во Скопје се очекува слично време, односно променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува облачноста да се зголеми и да има врнежи од дожд. Максималните температури на воздухот во главниот град ќе се искачат до 27 степен.

Управата за хидрометеоролошки работи ги информира граѓаните дека следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, особено во петок и за време на викендот.

Прогноза за 29.05.2019
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 23°С до 30°C
Сончево и топло со умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Прогноза за 30.05.2019
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 22°C до 30°C
Сончево и топло со умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 31.05.2019
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 18°C до 27°C
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.