УХМР: Од утре посвежо и со повеќе дожд

ИЗВОРСкопје24
|

Нови врнежи, наместа пообилни, а во источните делови над 20 литри на метар квадратен, најавува за утре попладне, во текот на ноќта и недела претпладне Управата за хидрометеоролошки работи.

Како што соопшти УХМР, следува период на променливо и посвежо време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град.

Според УХМР, денеска поладне претежно во западните делови ќе има појава на локалне дожд и ретки грмежи. максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 31 степен. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен локален дожд.

Утре максималните температури ќе бидат во интервал од 21 до 32, а задутре од 20 до 29 степени.

И метеорологот Славчо Попоски излезе со слични информации:

Под влијание на нов изразен влажен воздушен бран за време на викендот и тоа особено во сабота навечер и во текот на ноќта кон недела како и во недела се очекуваат нови поинтензивни врнежи од дожд ( локално над 30 л/м2). Секако се очекува и локален развој на нестабилна облачност проследена со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен до силен ветер како и со услови за појава на град. Токму поради оваа ситуација граѓаните да бидат внимателни, а поради поинтензивните врнежи можни се и локални поплавувања, предупредува Славчо Попоски.

Влијанието на посвежата воздушна маса од север понатаму кај нас ќе условува подпросечни температури на воздухот за овој дел од годината, па така истите на повеќе места ќе останат под 30. степени, а наутро најниските температури понекаде се очекува да се спуштат и под 10. степени.