|
Од управата за хидрометеролошки работи, попладнево издадоа вонредно предупредување дека дел од фронтален систем придружен со поголема облачна и нестабилна маса се движи од Полошкиот регион кон исток, па се очекува да ги зафати Скопскиот и Кумановскиот регион.
Од таму информираат дека нестабилноста е проследена со интензивни електрични празнења, интензивен пороен дожд и засилен ветер, а можна е и појава на град.
Според информациите, делови од главниот град веќе се зафатени со силни врнежи од дожд и електрични празнења.