УХМР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денеска сончево и многу топло време со температура над 40 степени

|

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец.

Времето во следните денови ќе биде под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени. Особено топло денес ќе биде во целава земја, а во петок само во јужните делови кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.