Времето денес ќе биде Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, во западните делови со локален дожд, а на планините снег.
Во текот на денот можна е појава на зголемена облачност, а од утре следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.