УХМР: Временска прогноза за следните три дена

|

Според најновите информации од УХМР утре не очекува променливо облачно време со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. UV=7

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, повремено нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.

Во продолжение погледнете какво време не очекува и во следните три дена:

Прогноза за 03.07.2023

Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 34°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8

Прогноза за 04.07.2023

Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 36°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне претежно во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=8

Прогноза за 05.07.2023

Минимална температура: 14°C до 21°C
Максимална температура: 25°C до 33°C

Променливо облачно и на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. UV=7