УХМР: Времето денес сончево со услови за појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи

ИЗВОРНов Лист
|

Времето денес сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. УВ=8

Од утре сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен јужен ветер. УВ=9

Во среда времето ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. УВ=9

Во ќетврток не очекува сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, на места повремено засилен јужен ветер. УВ=9

Петок, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. УВ=9