Утре не очекува сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=9
Сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Под влијание на влажен бран во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 20 л/м2) и значителен пад на температурата. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, појава на град и засилен ветер. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд, а од понеделник времето ќе биде постабилно со постепен пораст на дневните температури, велат од УХМР.