УЈП РАСПРОДАВА: Автомобил за 680 евра, комбе за 975 евра, камион за 1.365 евра…

ИЗВОРСкопје24
|

Управата за јавни приходи и овој месец ќе одржи јавна аукција на која ќе се распродаваат запленети предмети од даночни обврзници.

На листата има најразлични предмети, како што се моторни возила, товарни возила, телевизори, компјутери, машини и друго.

Од автомобилите, најниска проценета почетна вредност има Ауди (42.000 денари), комбе Мерцедес (60.000 денари) и камион Фап (84.000 денари).

Почетната цена на предметите варира во зависност од годината на производство, состојбата, употребливоста и слично.

Преку веб порталот http://e-aukcii.ujp.gov.mk може да ги погледнете активните аукции, а на ЛИНКОТ може да направите преглед на предметите кои ќе се распродаваат на 22.08.2019.

Дилеми од МојДДВ: Бледите и делумно оштетени бар кодови можат да се скенираат во УЈП

Управата за јавни приходи минатата недела соопшти дека од 1. јули кога стартуваше мерката поврат на 15 проценти од пресметаниот ДДВ, апликацијата за скенирање на фискалните сметки ја користат 120.000 граѓани.

Заклучно со 11 јули, скенирани се 1.964.811 фискални сметки, остварен е промет од 1.041.512.209 денари, а повратот од 15 проценти од пресметаниот ДДВ изнесува 16.323.077 денари.

Но, на социјалите мрежи секојдневно има реакции дека некои од сметките и по повеќе обиди не можат да бида скенирани.

Според коментарите, доколку не се работи за физичко оштетување на бар кодот, тоа се сметки главно од големите маркети.

Од УЈП потврдуваат дека вакви проблеми им биле пријавени токму за сметки од вакви маркети.

-Под претпоставка дека станува збор за исправен паметен телефон, можно е бар код да биде оштетен или истиот да биде не целосно отпечатен од фискалниот принтер (поради нецелосна техничка исправност на фискалниот апарат или речиси целосна искористениот на тонерот), велат од УЈП и истакнуваат дека тоа се должи на големата фреквенција на потрошувачи, поради што и тонерите побрзо се трошат.

Од УЈП уште истакнуваат дека токму под притисок на граѓаните, сега ваквите апарати почесто се носат на сервисирање.

Но, во меѓувреме граѓаните имаат и друга опција.

-За овие случаи ги повикуваме граѓаните во организационите едници на УЈП (вкупно 36), каде што граѓаните со помош службениците на УЈП ќе можат да ги скенираат овие фискални сметки на киоск апаратите или скенирате кои можат да прочитаат и делумно оштетени фискални сметки, укажуваат од УЈП.

Исто така, меѓу реакциите од граѓаните е и тоа дека на некои сметки стои ДДВ 0. Од УЈП објаснуваат дека се работи за мали даночни обврзници кои не се регистрирани за целите за ДДВ, бидејќи имале мал промет изминатата година.

-Малите даночни обврзници кои во претходната година оствариле промет понизок од 1.000.000 денари, немаат обврска да бидат регистрирани за целите за ДДВ, а со тоа и да пресметуваат ДДВ. Меѓутоа имаат обврска да издаваат фискални сметки. Поради тоа, граѓаните не можат да го остварат правото на поврат на ДДВ, објаснуваат од УЈП.

Од останатите дилеми кои ги имаат граѓаните се и дали сметките треба да се чуваат, за што од УЈП истакнуваат дека е доволно само скенирањето -една сметка може да биде скенирана само еднаш (при втор обид системот ја одбива) и дека не постои лимит за скенирани сметки, а направени се технички адаптации на системот да може да издржи голема фреквенција токму поради овој проект

За тоа кои сметки влегуваат во проектот за поврат на ДДВ, од УЈП укажуваат дека тоа се сите сметки до 30.000 денари, но не и оние кои се за комунални услуги.

– Системот ќе ги прифати само сметките кои се издадени од 01.07.2019 година и доколку се скенираат постари сметки, ќе пристигне автоматска порака со информација за невалидност. Системот не прифаќа ниту сметки над 30.000 денари, истакнуваат од УЈП.

Исто така од УЈП укажуваат дека поврат на ДДВ не може да се бара за комуналните сметки (струја, вода), бидејќи за тие не се издаваат фискални сметки, туку се наплатуваат преку фактура.