Управата за јавни приходи ги повика граѓаните кои не ја исполниле својата обврска да се регистрираат на системот е-Персонален данок бидејќи крајниот рок за пријавување истекува на 31 овој месец.
Од УЈП информираат дека покрај шалтерите во Регионалната дирекција во Скопје, отворени се и дополнителни шалтери во општините. Така, шалтери на УЈП се отворени во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров кај полициската станица и во општинската зграда во Аеродром и тие ќе работат од 8 до 18 часот до 31 декември. Шалтери се отворени и во општините Кисела Вода, Гази Баба и Чаир со работно време од 8 до 16 часот.
Регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Штип, Тетово и Битола ќе работат од 7 до 21:30 часот, освен на 31 декември кога работното време ќе биде до 16:30 часот. Регионалните дирекции ќе бидат отворени за граѓаните и во последните две саботи од месецот, односно на 22 и 29 декември со работно време од 8 до 14 часот.
Од УЈП информираат дека функционира и „Мобилен даночен шалтер“ којшто ги посетува оние населени места во Скопје каде Управата за јавни приходи нема постојано даночни канцеларии.