Украина нема да дозволи транзит на руски гас додека не ги контролира гасоводите

|

Укра ина нема да ја отвори транзитната точка Сохранивка, преку која рускиот гас се транспортира во Европа, додека не добие целосна контрола врз системот на гасоводот, соопшти денеска украинскиот оператор ГТСОУ.

Операторот во вторникот објави дека поради „виша сила“, односно поради тоа што прор уските сепа ратисти кра дат гас од 11 мај, ќе го прекине преносот на гас преку влезната точка Сохранивка, преку која околу една третина од рускиот гас се испраќа во Европа преку Ук раина.

Гасоводот минува низ регионот Луганск, што е делумно контролиран од прор уските сепара тисти од 2014 година.

– Нема да отвориме. До целосна контрола над имотот, рече директорот на ГТСОУ Сергијџо Макогон во изјавата. Тој додаде дека руски Гаспром не знаел дека сепаратистите почнале да кра дат гас.

Макогон истакна дека Гаспром би можел да продолжи да испорачува целосно гас во Европа преку транзитната точка Суџа, што е отворена. Гаспром не беше достапен за коментар.