Украина се повлекува од Евровизија иако биле фаворити – Пејачката најави: Не сакам да бидам дел од оваа валкана игра

ИЗВОРНов Лист
|

Алина Паш, овогодинешната претставничка на Украина на Евровизија, нема да настапи на фестивалот што годинава ќе се одржи во Торино, стои во новото соопштение. Сагата околу нејзината посета на Крим во 2015 година, вели таа, станала премногу за неа.

– Не сакам повеќе да бидам дел од оваа валкана приказна – изјавила Алина откако официјалните лица во Украина откриле дека еден од членовите на нејзиниот тим фалсификувал документи за да изгледа како да патува легално.

– Јас сум државјанин на Украина. Ги следам законите на Украина. Се обидувам да ги пренесам традицијата и вредностите на Украина на светот. Она што е вклучено во оваа приказна воопшто не е она што го ставам во мојата песна – рече таа, додавајќи:

– Јас сум уметник, а не политичар. Јас немам тим од ПР, менаџери, адвокати за да одолеам на сите овие напади и притисоци. И апсолутно неприфатливи зборови што луѓето си ги дозволуваат без да ја разберат ситуацијата и да го заборават достоинството на секој граѓанин на Украина.

Да потсетиме, Алина се соочи со надзор на украинскиот национален радиодифузер поради патувањето кое наводно го одела пред седум години.