Општо е познато дека растенијата придонесуваат за убавината на домот, но малку се знае дека некои од нив, освен естетска, имаат многу поголема функција – тие прават да се чувствувате подобро и поспокојно.
Посадете некои од овие билки во било кој дел од домот и сигурно ќе го почувствувате нивниот позитивен ефект на расположението и здравјето.
Еве кои билки придонесуваат за вашето добро расположение:
Алое вера
Старите Египќани ја нарекувале алое верата „билка на бесмртноста“, а поради тоа традиционално во минатото се закачувала на врата за да ги избрка злите духови. Се сметало дека алое верата носи позитивна енергија во домот во кој се наоѓа, а според науката, таа го чисти воздухот од канцерогени материи и испушта кислород во текот на ноќта, што влијае на подобар и поквалитетен сон.
Лаванда
Овој ароматичен цвет со векови се смета за природен лек кој ги смирува нервите, ја ублажува главоболката, спречува несоница и депресија итн. Постојат бројни студии кои ја докажале нејзината ефикасност, а во 2009 година е откриено дека мирисот на лаванда го забавува пулсот и ги смирува лицата кои се изложени на голем стрес.
Бршлен
Бршленот е растение кое е неверојатен чистач на воздухот, а тоа е потврдено и од страна на НАСА. Тој ги впива штетните материи како смог и било кој вид на чад и креира многу поздрав и посвеж воздух во просторијата во која се наоѓа. Бршленот не бара многу вода и светлина, па затоа е лесен за одржување.
Спатифилум
Со неговите прекрасни бели цветови, спатифилумот е подеднакво убав и функционален. Тој е познат по ефикасното отстранување на спори на мувла од воздухот и ги неутрализира токсичните гасови како јаглерод моноксид и формалдехид.
Босилек
Босилекот е речиси на сите омилена свежа билка која содржи висока количина на органско соединение наречено линалул, кое често се користи за ароматерапија. Тим јапонски експерти открил дека линалулот ја намалува активноста на илјада гени кои се активираат во текот на стресни ситуации.