Унгарија испраќа астронаут во вселената во 2024 година

|

Унгарија планира да испрати астронаути во вселената во 2024 година, изјави министерот за надворешни работи на таа држава, Петер Сијарто. Изјавата ја даде на конференција на Европската вселенска агенција во Севиља.

Сијарто нагласи дека вселенската индустрија станува една од најважните индустрии.

Тоа ќе биде уште една можност за Унгарија да се развива и да оди напред, како и да се фокусираме на тренинг на вториот унгарски австронаут кој ќе биде испратен на МВС, што е реално изводливо во 2024 година, во соработка со рускиот Роскосмос, рече Сијарто.