Со усвојувањето на најновиот извештај, што е необврзувачки текст, со 433 гласа за (123 гласа против, 28 воздржани), Европскиот парламент „длабоко жали што отсуството на решителна акција од страна на Унијата придонесе за распаѓање на демократијата, владеењето на правото и основните права во Унгарија“.
Извештајот ја опишува унгарската држава како „хибриден режим на изборна автократија“.
Усвојувањето на новиот извештај од страна на Европскиот парламент со кој се осудува владата на Виктор Орбан доаѓа додека Будимпешта се обидува да му даде гаранции на Брисел, за да не дојде до намалување на финансиите.
Ова е уште еден начин да се осуди владата на Виктор Орбан. Европратениците на пленарна седница во Стразбур, прогласија дека Унгарија повеќе не е вистинска демократија, усвојувајќи го извештајот предводен од француската европратеничка од редовите на Зелените, Гвендолин Делбос-Корфилд.
Од 2010 година, Унгарија е предводена од националистичкиот и ултраконзервативен премиер Виктор Орбан (59), кој тврди дека практикува „нелиберална демократија“.
„Работите драматично се променија во Унгарија во изминатите години“, подвлече Делбос-Корфилд за време на дебатата што претходеше на гласањето, особено истакнувајќи дека „независноста на судството е исто толку неверојатна во Унгарија како и во Полска“.
„Знаеме дека самото семејство на Орбан ги враќа европските фондови“, продолжи Делбос-Корфилд наведувајќи ги и „ограничувањата на пратеничките права“, шпионажата на новинарите, владината контрола врз универзитетите, „злогласниот закон“ против ЛГБТ лицата.
ДА БЕШЕ УНГАРИЈА ДЕНЕС КАНДИДАТ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ, ТОА НЕМАШЕ ДА БИДЕ МОЖНО, ПОВЕЌЕ НЕМАШЕ ДА ГИ ИСПОЛНУВА КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО, ОВА Е ТАЖНАТА ОПСЕРВАЦИЈА НА ИЗВЕШТАЈОТ, НАВЕДЕ ФАБИЕН КЕЛЕР, ОД ГРУПАТА РЕНЕСАНСА НА ЕВРОПА.
Будимпешта гласањето го оцени како „навреда“ за Унгарците.
СМЕТАМ ДЕКА Е НАВРЕДЛИВО ЗА УНГАРЦИТЕ ШТО СЕ ДОВЕДУВА ВО ПРАШАЊЕ КАПАЦИТЕТОТ НА УНГАРИЈА ЗА ДЕМОКРАТИЈА, ПОСОЧИ ШЕФОТ НА УНГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА ПЕТР СИЈАРТО НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БУДИМПЕШТА, ИЗРАЗУВАЈЌИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ ШТО „НЕКОИ“ ВО СТРАЗБУР И БРИСЕЛ ЈА „ПОНИЖУВААТ“ НЕГОВАТА ЗЕМЈА.