УНИБанка донираше 50 нови компјутери на Математичко-Информатичката Гимназија во Скопје

ИЗВОРТелма
|

УНИБанка АД Скопје, во соработка со Министерството за образование и наука, овозможи донација за учениците од државната Математичко-Информатичката Гимназија во Скопје. Донираната опрема е набавена со конфигурации согласно потребите на наставната програма за кои има 50 персонални компјутери и 50 монитори од марката DELL.

Математичко-Информатичката Гимназија Скопје, е ново државно средно училиште основано во учебната 2020/2021 година, наменето само за остварување на наставни планови и програми за образование на одредени категории на ученици, за кои државата има посебен интерес. Во моментов наставата ја посетуваат 34 талентирани деца. Донираната опрема е од највисока класа и ќе биде искористена во т.н. „Лабораторија” за стекнување на знаења и вештини во областа на математика, информатика и физика.

ДОНАЦИЈАТА НА БАНКАТА ИМ ДАВА НА УЧЕНИЦИТЕ МОЖНОСТ ДА УЧАТ И РАСТАТ И ДА СТЕКНАТ ПРАКТИЧНО ИСКУСТВО СО НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ШТО ПРЕТСТАВУВА „БРАН НА ИДНИНАТА“ ВО ТЕХНОЛОГИЈАТА, ИЗЈАВИ ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА УНИБАНКА, ВЛАДИСЛАВ ХАЏИДИНЕВ.

Со оваа иницијатива, УНИБанка допринесува за успешен развој на информатичкото образование во Северна Македонија – аспект кој во време на пандемија придоби големо значење. И покрај овие услови, УНИБанка уште еднаш докажа дека е една од активните социјално одговорни компании во државата.