Никол Мустард е основач на стартапот „Credit Karma“ кој ги советува корисниците за кредити, а денес вреди четири милијарди долари. Сепак, патот до успех на Никол бил се само обичен не, пишува Yahoo Finance..
Оваа Американка студирала зоологија и сакала да биде научник, но заклучила дека премногу ги саккал луѓето и да не сака по цел да да биде зтворена во забораторија со глувци. Така ги напуштила студиите и патувала ширум САД, од еден брег до друг и барала среќно место. Го пронашла во Лос Анџелес. Таму немала ништо – ни пријатели, ни работа, ни место за живот. Со еден познаник изнајмила стан и се вработила на првото слободно работно место – во ресторан за брза храна Pizza Hut – и со првата плата го купила она основното за уредување на станот – душек.
Со времето сфатила дека сака да се занимава со финансии и дека така им помага на луѓето, поради што се запишала на курс и станала сертификуван финансиски планер. Недолго после тоа отворила сопствена фирма. Сепак, нејзината иднина не била во Лос Анџелес. Љубовта ја однела на друг пат и тоа скроз до Бостон каде се преселила. Тој чекор се покажал како клучен во нејзината кариера. Таму, се вработила како директор на продажба во еден стартап и го запознала сегашниот партнер Кенет Лин. Тој имал бизнис идеја, а Мустард му изгледала како идеална личност за покренување на стартап бидејќи била високо образована, имала добри деловни врски, работна етика и секогаш била добро расположена.
Откако ја пронашле и третата личност за основање на компанија, техничкиот експерт Рајан Грациан, се преселиле во Сан Франциско каде го основале Credit Karmа, старт ап кој се занимава со пресметување на кредитната способност на граѓаните и советувања за вложување. Поради дерловните врски TransUnion им го дал потребниот пристап до податоци на граѓаните, а новинарската студија која излегла за нивната компанија им дал ветар во грб и само за година дена успеале да соберат дури 300 илјади корисници.
Сепак, проблем им создала потрагата за инвеститори. Иако мислеле дека така брзиот успех за компанијата ќе им биде доволен за наоѓање на инветитори, Силициумската долина во 2009 та била заобиколена со успехот на Амазон и дека стартапот како „Credit Karma“ не бил доволно атрактивен. Тоа ги натерало Никола, Лина и Грациан да ја променат тактиката и да се вратат на бреговите на Сан Франциско, што се покажало како добар потег. Пронашле инвеститори, собрале неколку милиони долари, а до денес во ниовниот стартап се инвестирани повеќе од 370 милиони долари. Освен тоа, имаат 80 милиони корисници и 800 вработени, а самата фирма вреди 4 милијарди долари.