УПОТРЕБА НА ДЕНТАЛЕН МИКРОСКОП ВО СЕКОЈДНЕВНАТА СТОМАТОЛОШКА ПРАКСА

ИЗВОРСтоматолошка ординација Луканоски
|

Ако сте гледале телевизија во последно време, најверојатно сте забележале како модерната технологија го подобри вашето задоволство при гледањето. Телевизијата со висока дефиниција ни дава подобра слика и подобар квалитет на гледање – само за наша забава. Замислете колку е полесно за вашиот стоматолог да изврши посложени стоматолошки процедури со подобар поглед. Како и HD технологијата, стоматолошката микрохирургија му овозможува на вашиот стоматолог да го види секој детаљ од вашата уста – и го подобрува стоматолошкиот третман за вас исто така!

Стоматолошката микрохирургија се врши со помош на стоматолошки микроскоп и оптичко осветлување. Стоматолозите користат стоматолошки оперативен микроскоп (СОМ) со кој ја зголемуваат регијата каде што работат, давајќи им попрецизен поглед на постапката а со оптичкото светло се добива полесно и попрецизно осветлување кое е многу подобро од традиционалните извори на светлина. Ајде да ги појасниме работите

Денталните оперативни микроскопи почнуваат да ја заменуваат потребата за забни лупи. Постојат значајни разлики помеѓу забните лупи и стоматолошкиот микроскоп . Стоматолошките лупи ја зголемуваат хируршката област од 3 до 6 пати од нејзината оригинална големина, додека стоматолошките микроскопи обезбедуваат многу поголеми детали, проширувајќи го видното поле до 20 пати. Стоматолозите исто така можат да го прилагодат нивото на зголемување за време на стоматолошката интервенција , додека забните лупи се дизајнирани да одговараат на поставеното растојание помеѓу стоматологот и пациентот, ограничувајќи ја мобилноста.

Како забни лупи, стоматолошките оперативни микроскопи се носат како очила, но тие исто така може да се монтираат на ѕид или маса. Некои системи за стоматолошки микроскопи вклучуваат мал фотоапарат кој ја прикажува постапката на видео монитор на кој пациентот може детално да гледа што се работи, како и да се снимаат за образовни цели.

Стоматолошкиот агол

Следејки ги новите трендови во стоматологијата, работата ја унапредивме со употреба на дентален микроскоп. Микроскопот има значајна улога во секојдневната стоматолошка пракса а особено при ендодонтската терапија на забите. Со негова помош успеваме да ги детектираме и оние канали кои со голо око се невидливи, обработување на тесни и непроодни канали, отстранување на скршени инструменти и колчиња од каналите како и успешно прелекување на неадекватно третирани заби а со тоа и долотрајно зачувување на забот во усната празнина.

Употребата на микроскоп го подигнува степенот на квалитет на работата и завзема примена и при изработка на протетски конструкции каде што се користат минимално инвазивни техники скоро и без да се оштетат вашите заби , ламинати, циркониумски коронки како и прецизно земање на отпечатоци од устата на пациентот.

Наоѓа примена и во оралната хирургија

  • Поставување на стоматолошки импланти
  • Апикоктомија, каде што врвот на коренот е хируршки отстранет за лекување на коренскиот канал
  • Парадонтална хирургија или третман на заболување на непцата
  • Лоцирање мали пукнатини или дефекти во забот

Од вашето гледиште

Научивте какви бенефити има вашиот стоматолог од стоматолшката микрохирургија, но што извлековме од сето ова? Бидејќи стоматолошкиот микроскоп го зголемува видно поле и прецизноста при работа во стоматолошката микрохирургија би значело помалку сечење односно помала траума на меките ткива во устата Денталните микроскопи може исто така да се користат при третман на парадонтопатија и интервенции кај повлечени непца и оголени заби, што може да резултира со помалку крварење. Прецизноста на стоматолошките микроскопски процедури честопати придонесува за побрзо лекување.

Употребата на стоматолошкиот микроскоп исто така може да ја намали појавата на пропаднати стоматолошки третмани, што значи помала потреба за повторен третман. Поради овие причини, стоматолошката заедница почнува да ја прифаќа употребата на стоматолошкиот микроскоп.


Најдоброто место за негата на вашите заби е стоматолошката ординација на „Д-р Ивица Луканоски“ . Таа е основана во далечната 2002 година. 16 години надоградување, инвестирање како во знаењето така и во најсовремената опрема и материјали кои ги поседуваат денеска и ги прават единствени. Денес во нивната ординација работат 5 тима на врвно обучени стоматолози кои ќе ви пружат најсовремена услуга за сите стоматолошки третмани Тука спаѓаат интервенции како :

  • Сите видови на импланти и протетски изработки на импланти (all on six & all on four kaj беззаби вилици)
  • Сите видови на оралнохирушки интервенции , заглавени заби, апикотомии
  • Најсовремени безметални естетски коронки, e max , litium di silikat, feldspath keramika, како
    и добро познатата цирконија
  • Микроскопско ендодонтско лекување i прелекување на стари полнења со компромитиран
    исход
  • Пополнување на усни и филери
  • Ласерска терапија на парадонтоза
  • Контролни превентивни прегледи
  • Пломбирање на заби и нивно лекување
  • Вадење на заби
  • Одржување на орална хигиена ( чистење на забен камен и меки наслаги)
  • Егзогена флуор профилакса и залевање на фисури ( кај деца)

Со развојот на модерната стоматологија се развиваат во ординација која ги прати сите најнови и најсовремени трендови во стоматологијата.

Уверете се во нивната професионалност и закажете го вашиот термин во ординација ПЗУ Др.Ивица Луканоски.