УПОЗ со двочасовен прекин на работата денеска и утре

|

Вработените во управата и правосудството денеска и утре нема да работат од 10 до 12 часот. Причина за прекинот на работата се барањата за исплата на минимална плата и линеарно зголемување на останатите плати за 2.800 денари. Во овој период граѓаните нема да можат да добијат услуги во министерствата, агенциите, фондовите, управите и судовите.

Од Синдикатот велат дека во 95 проценти од институциите не се исплаќа минимална плата, а во останатите пет проценти, дел не ја подготвуваат минималната плата, а дел што веќе ја исплатиле направиле грешки и исплатиле само минимална плата без вклучен стаж.

Досега не добиле покана од Владата за преговори, а притисокот од членството е голем и се бара прекинот на работата да продолжи. Поддршка вчера добија од Сојузот на синдикати на Македонија.