Уште еден голем пад за Вил Смит – Еве кој друг размислува да прекине договор

ИЗВОРНов Лист
|

Откако актерот Вил Смит му удри шлаканица на комичарот Крис Рок на овогодинешното доделување на Оскарите, многу од неговите проекти се стопирани.

Така неодамна беше објавено дека проектите на кои актерот работеше за Нетфликс и Сони се одложени до понатамошно известување, а сега се шпекулира за уште еден потег кој би можел непријатно да го изненади.

Имено, според The ​​Daily Beast, агенцијата CAA која го застапува Смит сериозно размислува да ја прекине соработката. Наводно, во агенцијата има различни мислења околу оваа одлука. Еден од најважните луѓе во таа агенција, Ричард Ловет кој лично го застапува Вил, би сакал тој да остане нивен клиент, додека неговите колеги би сакале таа соработка да заврши.

Да потсетиме, Мел Гибсон во едно неодамнешно интервју одби да одговори на прашање поврзано со неговото поранешно однесување. Новинарот Џеси Вотерс го праша за Вил Смит и Крис Рок на Оскарите. – Можеби го разбирате ова подобро од другите, со оглед на вашата кариера. Што ќе се случеше ако ти станеше и удреше во Рок, дали ситуацијата ќе беше иста? Дали некогаш сте размислувале за тоа? праша Вотерс. Актерот и режисер незгодно се насмеале на прашањето и сигнализирале дека не сака да одговори на прашањето, по што се вклучил и неговиот ПР менаџер кој рекол дека времето предвидено за интервјуто истечело.