Уште еднаш покажавме колку сме хумани: Цело Русиново му помага за семејството Мирчовски на кое пред пет дена пожар им ја пеплоса куќата

ИЗВОРТелма
|

Од темел се гради домот на семејството Мирчовски од беровското село Русиново, на кого пред пет дена пожар им ја пеплоса куќата. Градежен материјал, но и донации во пари, храна, облека пристигнуваат од сите страни за 12 членото семејство, кој за само еден миг огнените јазици им зедоа се што спечалиле во животот.

Најголемата донација од 8.000 швајцарски франци за ова семејство пристигна од македонскиот иселеник од Швајцарија Мустафа Алиловски и неговите работници кои потекнуваат од ова село, а кои се јавија во Телма за да им помогнат.

Пред да почне изградбата фирми од беровскиот регион и општината помогнаа во расчисттување на јагленосаните остатоци од куќата.

Четирите генерации на семејството Мирчовски меѓу кои и четири малолетни деца во новата куќа, која се гради од донации и од хумани граѓани очекуваат да се вселат за три месеци, дотогаш тие мора да живеат во куќите на нивни роднини, кои им дадоа кров над глава по несреќата.

“Градоначалникот прв излезе на терен, се обезбеди помош при расчистувањ на куќата, еве сега и околу градбата, а откако ќе се создадата законски услови, ќе се додели и парична помош“, кажа Билјана Каламадевска, соработник за односни со јавност во о. Берово.

„Ова не може да се опише со зборови. Македонскиот народ е познат по својата хуманост, еве сега се докажа тоа уште еднаш“, рече Ѕвонко Мирчовски.