УСЛОВИ ЗА ЛОКАЛНА ПОЈАВА НА ПОРОЕН ДОЖД УТРЕ ПОПЛАДНЕ – ОД ЧЕТВРТОК АФРИКАНСКИ БРАН И ГОЛЕМ ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 22 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, со умерена локална облачност. Повремено ќе има и нешто повеќе облачност. Исклучок ќе биде утрешното попладне кога локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и услови за локална појава на грмежи. Температурите на воздухот ќе бидат во позначителен пораст, особено од четврток кога ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.