Одржувањето на пленарната седница на која ќе се разгледуваат амандманите зависи од тоа кога Владата ќе го достави предлогот до Собранието. Доколку тоа се случи утре, пленарната седница за потребата од отворање на Уставот, претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја закаже за 19 август, односно најмалку 30 дена откако материјалите за уставните амандмани ќе влезат во собраниска процедура.
Предлог-иницијативата за уставните измени, со која Бугарите и други народи треба да се внесат во Преамбулата на Уставот е усвоена на денешната седница на Владата. Следен чекор е таа да биде доставена до Собранието. За да се усвои оваа Иницијатива во Собранието потребно е двотретинско мнозинство или најмалку 80 пратеници.
Одржувањето на пленарната седница на која ќе се разгледуваат амандманите зависи од тоа кога Владата ќе го достави предлогот до Собранието. Доколку тоа се случи утре, пленарната седница за потребата од отворање на Уставот, претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја закаже за 19 август, односно најмалку 30 дена откако материјалите за уставните амандмани ќе влезат во собраниска процедура.
Владата очекува постигнување натпартиски консензус за уставните измени
Од Владата, како што се наведува во соопштението од прес-службата, очекуваат конструктивност од сите политички субјекти претставени преку пратениците во Парламентот, совесност од сите пратеници и фокус кон постигнување натпартиски консензус при усвојувањето на уставните измени како дел од преговарачката рамка со Европската Унија.
Одлуката на Собранието на Република Северна Македонија за измени на Уставот, посочуваат од Владата, ќе овозможи одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ до декември 2023 година, отворање на поглавјата во преговорите, интензивирање на реформите и брзо членство во ЕУ.
„Владата повикува на разум и свесност за актуелниот моментум во којшто државата ја има можноста да избегне повторна многугодишна изолација и, напротив, конечно да ги реализира европските перспективи“, наведува прес-службата на Владата.
Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, се образложува во владиното соопштение, на денешната седница е ставен на дневен ред на предлог на Министерството за правда, а е подготвен од работната група составена од експерти, еминентни професори од неколку универзитети во државата, како и претставници на политички партии.
„Предлогот е изработен врз основа на Заклучоците на Собранието на Република Северна Македонија донесени на седницата одржана на 16 јули 2022 година, а врзани со Заклучоците на Советот на Европската Унија, и Заедничкиот став и воведната изјава на ЕУ на Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија. Северна Македонија во согласност со својата стратешка определба за полноправно членство во Европската Унија е одлучна да ги спроведе обврските преземени во рамките на Преговарачката рамка и пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија што започнаа со одржувањето на првата Меѓувладина конференција, одржана на 19 јули 2022 година“, се вели во соопштението од владината прес-служба.
Целиот текст прочитајте го тука https://360stepeni.mk/ustavnite-izmeni-pominaa-na-vladina-sednitsa-na-red-e-sobranieto/