Уше еден македонски зет – поранешниот фудбалер на Работнички ја запроси девојката Елена и тоа на магична дестинација (ФОТО)

|

Уште еден спортист кој дојде во Македонија како пропатна станица во кариерата стана македонски зет и ја најде љубовта во нашата земја, објавува Гол.мк.

Колумбиецот Себастијан Херера кој е поранешен член на Работнички, а сега игра за унгарски МТК, ја побара раката на девојката Елена која е од Македонија.

Запросувањето се случи на луксузното туристичко место Гуатапе во Колумбија.

Двајцата се запознаа додека тој играше во нашата земја и беа во врска, а сега влегоа и во брачните води. Пред извесен период тој доби и македонски пасош. Херера беше во Македонија од 2015 до 2020 година.

Македонија е земја на љубовта! Тоа го почувствуваа и Игор Карачиќ, Кристијан Дисингер додека беа во Вардар. Листата е долга…