Уште еден шок: Заедно со Брајант загинала и една од неговите ќерки! (ФОТО)

|

Страшни вести го потресоа цел свет откако беше објавено од американските медиуми дека прославениот американски кошаркар Коби Брајант загинал во хеликоптерска несреќа.

„ТМЗ“ прв ја објави веста за смртта на Брајант, а сега пристигнуваат нови информации за уште една жртва во несреќата. Спорд истиот медиум животот го загубила и една од ќерките на поранешниот американски кошаркар.
Џиана Марија (13 години), која настрада во хеликоптерската несреќа, е втората најстара ќерка на Коби. Таа со нејзиниот татко тргнале кон неговата академија, но за жал хеликоптерот се урна и тие го загубија животот, како и уште три лица чиј идентитет засега не се открива на јавноста.

Американската полиција најави дека ќе има прес-конференција во 23 часот вечерва по македонско време кога треба да ги објави првите детали поврзани со ужасната несреќа, која го потресе целиот свет.