Ситуацијата во која се наоѓа пејачката Јелена Карлеуша предизвика лавина реакции во јавноста. Многумина естрадни личности застанаа на страната на пејачката истакнувајќи дека пред се таа е мајка, сопруга, жена.
За ова проговори и македонската фолкерка Ирена Спасовска, која во интервју за „Ексклузив“ откри што мисли за скандалот кој го тресе регионот.
„Јелена Карлеуша е една паметна личност, мислам дека не би си дозволила снимки да излезат во јавност. Можеби тоа е смислено, можеби во игра се големи пари. Таа естрада не може да се мери со нашата. Можеби и со онаа технологија на „Фотошоп“ да е нешто монтирано,ако е така, навистина е многу дрско бидејќи таа е мајка, жена, сопруга.Крајот на краиштата и така да е, се тоа се случува постојано, но јавните личности секогаш се ударна мета“ изјави Ирена.
Во интервјуто Ирена проговори и за својот приватен живот односно откри зошто се разделила од новинарот Орце Гелевски.
„Како што постои почеток, постои и крај. Орце е прекрасен човек, немам некои посебни причини што се разделвиме. Во тој момент јас имав многу настапи,многу турнеии, многу патував, па можеби се тоа се одрази на мојот приватен живот. Решивме дека треба да си дадеме време кое сите заслужуваме да си го имаме за себе. Јас како „сингл“ функционирам подобро“ изјави Ирена.
Меѓу останатите скандалот го искоментира и македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска.
„Самата наша професија и јавните настапи наметнуваат многубројни можности за афери и измислени приказни од кои може да произлезат милиони проблеми доколку се работи за некоја лабилна врска или брак. Можам да кажам дека ова навистина е смешно, и верувам дека Карлеуша заедно со својот сопруг вечераат некаде заедно и се смеат на ваквиот скандалозен и низок начин на провокација. Таа професионалец и семеен успешен човек за кој нормално е да се измислуваат вакви работи“ вели Сани за „svet-austrlia“.
Таа откри и што би направила доколку би била на нејзино место.
„Да сум на нејзино место тотално би го игнорирла овој скандал, исто како и сите други. Ние сме нормални луѓе, а тоа го знаат само нашите најблиски. Сите останати треба да го гледаат само тоа што им го прикажуваме. Хахаха, а не лесно да си јавна личност“ вели Сани.