Уште еднаш да ја покажеме нашата хумана страна: Сите за Тоше!

ИЗВОРСкопје24
|

Тоше Илиевски има 30 години и боледува од Non – Hodgkin’s lymphoma, или карцином на лимфни жлезди.

Досега можевме финансиски да му помогнеме за да ги надомести трошоците за тековните прегледи и лечење на оваа тешка и животно загрозувачка болест, на трансакциската сметка „200003247541853“, на Стопанска Банка, со назнака „За Тоше Илиевски“.

Оваа сметка и понатаму е отворена, но сега, за да се забрза процесот на собирање на средствата, но и поради потенцирање на сериозноста на неговата здравствена состојба, неговите пријатели организираат целодневна хуманитарна забава, која е поддржана од хуманитарната организација „leo axios“.

Забавата ќе се одржи на 19-ти април, со почеток во 14:00, во Woodstock Beer Bar. Цената на една влезница ќе биде 100 денари, а средствата ќе бидат наменети за него. Изведувачите хуманитарно ќе настапат, а исто така и дел од прометот од целодневната забава, ќе биде наменет за Тоше.

Воедно, од денеска во „Woodstock Beer Bar“ ќе бидат поставени кутии за донација.

Ајде преку забава да помогнеме!