Уште едно дете прегазено на скопските улици – младиот возач избегал, но полицијата го најде

|

Уште еден детски живот прерано згасна на скопските улици. Несовесен возач со моќно возило и неприлагодена брзина вчера попладне го прегази десетгодишникот кој почина од здобиените повреди непосредно до пластичарската улица.

По кратко време, по преземени мерки и активности, полициски службеници го пронашле возилото и возачот З.Ш.(21) од Скопје, кој бил приведен, информираат од МВР.