Уште неколку делови од Скопје без вода

|

Без вода денеска од 9:30 часот се корисниците од улиците „Пере Тошев“ и „Клинска Леса“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф1“.на улица „Пере Тошев“ бр.50.

Исто така, од 9:30 часот без водоснабдување се корисниците од бул. „Видое Смилевски Бато“ од бр.1 до бр.55, поради уличен дефект на водоводен затварач (шибер) Ф80мм.на бул. „Видое Смилевски Бато“ бр.21.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.

Како што информираа претходно, поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100 мм. на улица Димитрие Чуповски бб. до гимназијата Јосип Броз Тито со прекинато водоснабдување денеска ќе бидат корисниците од улицата Димитрие Чуповски од гимназијата Јосип Броз Тито до Министерството за правда и дел од улицата Даме Груев.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот, информираат од ЈП Водовод и канализација Скопје.

Без вода поради уличен дефект од ф 400 мм на ул.Методија Андонов Ченто бр.2 н.Маџари, ќе бидат и дел од корисниците од ул.Методиа Андонов Ченто од бр.2 до бр.10, ул.Палмиро Тољати и дел од ул. Маџари Прекинот во водоснабдувањето ќе биде утрово од 8:30 часот до завршување со санација на дефектот