Ново соопштение од ЈСП за возниот ред кое ќе ги засегне сите

ИЗВОРНов Лист
|

На 8 декември автобусите ќе возат по неделен возен ред.

Утре, вторник (8.12.2020 година) кој е неработен ден поради државниот празник Св.Климент Охридски, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, соопштувата од Јавното сообраќајно претпријатие.

Дежурни ќе бидат три билетарници, од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а отворена од 7 до 13 часот ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Од ЈСП исто така соопштуваат дека и натаму не сообрааќаат автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), а не работи ниту Жичарницата.

Сѐ уште, времено е укинато бесплатното возење за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.