На ден 07.09.2022 (среда), поради промена на шибер ф 80 мм на Бул.Србија (кај железничкиот мост), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Бул.Србија, Христо Татарчев – (сервисна зона од ул.1 до ул.7) и висока зона од населба Аеродром и нас.Ново Лисиче.
Прекинот на водоснабдувањето ќе трае од 09:00 часот до завршување на промената.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре (среда) поради веќе закажани технички зафати во системот без електрична енергија ќе останат:
-од 08.30 – 13.00 часот корисниците од Пат за Китка (делот од ул. Јустинијан Први кон гробиштата) и Водовод – пумпа Драчево (о. Кисела Вода);
-од 08.30 – 15.00 часот дел од ул. Ѓорѓи Капчев (о. Аеродром);
– од 09.00 – 13.00 часот дел од ул, Крчин (о. Ѓорче Перов) и
– од 09.00 – 15.00 часот корисниците од ул. 1 во Петровец.