Утре без струја ќе останат неколку Општини во Скопје

ИЗВОРНов Лист
|

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека утре, 09.12.2020 година, поради планирани технички зафати во електро-системот на градот без елекртична енергија ќе останат:

Во периодот од 10:00-13:00 часот дел од корисниците на ул. Дамаска, дел од ул.Букурешка (во близина на училиштето Јан Амос Коменски), училиштето Јахја Кемал. (Општина Карпош)

Во периодот од 09:00-15:00 часот корисниците на дел од с. Долно Количании. (Општина Студеничани)

Во периодот од 08:00-15:00 часот корисниците од с. Мралино (корисниците околу влезот на бензинската пумпа во с. Мралино, на влез од автопатот), во близина на ТС Кадино 6, ТС Здравко (приватна ТС), на влезот во Кадино од автопатот. (Општина Илинден)