Утре без струја повеќе делови од Скопје

|

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека:

Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, во среда (16 февруари) без струја ќе бидат следните корисници:

-од 09:00 до 13:00 часот, дел од потрошувачите на улиците: „Драгутин Аврамовски Гуте“, „Иван Цанкар“ и „Вангел Дину“ во општина Карпош.

-од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од бул. АСНОМ бр. 9 и бр. 13 и ул. „Февруарски Поход“ бр. 34 и бр. 36. во општина Аеродром.

-од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. „Стив Наумов“ бр. 102 Г и бр. 102 Д во општина Центар.