Утре без вода делови од една скопска населба

|

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека поради уличен дефект од Ф 150 мм на ул.Св. Наум Охридски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од ул.Св. Наум Охридски бб (5 до 6 куќи) и дел од Благоја Гојан од 09:00 часот до завршување.

Дебар утре повторно без вода

Утре во периодот од 8 до 22 часот, ќе има прекин во снабдувањето со вода за пиење од водоводот Росоки-Дебар и без вода ќе бидат жителите на градот Дебар, како и селата низ кои минува цевководот – Долно Косоврасти и Рајчица.

Според Бурим Каба, директор на Јавното комунално претпријатие „Стандард”, кое стопанисува со водоводот, прекинот во водоснабдувањето е поради продолжување на проектот за замена на старите вентили, што почна со реализација во ноември минатата година.

– Во три наврати, во ноември, февруари и на 16 март извршивме замена на 25 воздушни и испустни вентили од каптажата па долж цевководот. Вкупно се 66 вентили, што значи дека остануваат за замена уште 41, сите поставени пред три и пол децении, кога е и изграден водоводот. Од корисниците бараме разбирање и трпение, зашто секој зафат е во правец на што понормално снабдување, рече Каба.

Проектот се реализира со средства од буџетот на Општина Дебар, а работите ги изведува фирмата „СмС холдинг” – Скопје, заедно со вработените на „Стандард”.